Лоша вест за ПСЖ, Мбапе повторно е повреден

Килијан Мбапе има повреда која ќе го спречи да настапи на утрешниот натпревар од француската лига на кој Пари Сен Жермен ќе го пречека Анже. Тренерот Томас Тухел потврди дека Мбапе нема да може да игра.

„Килијан утре нема да биде со нас. Станува збор за кинење на мускулни влакна во бедрото. Тој не може да се движи слободно и со тоа, страда неговата игра. Но, повредите се нормални за време на напорите со тренинзи и мечови. Сигурен сум дека тој ќе биде подготвен за неколку дена”, рече Тухел.

Неиграњето на Мбапе и отсуството на Единсон Кавани значи дека нападот ќе го предводат Нејмар и Мауро Икарди.

- Оглас -

Најнови вести