Гол-гол е најдобрата прогноза за „Дербито на Италија“

Ватфорд – Шефилд Јунајтед (Сабота, 16 часот)  

Домаќинот едноставно мора да победи. Има квалитетен состав, а игра во очајна форма на стартот од Премиерлигата. Многу им недостасува најдобриот играч Трој Дини, но денеска немаат избор. Мислам дека овој натпревар ќе им биде пресвртница кон подобри резултати. Типувам Кец.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Лехија Гдањск – Заглебје Лубин (Сабота, 20 часот)

Лехија игра одлично и оваа сезона. Гази се пред себе, а во последното коло ја потврди топ-формата со победа во Варшава против Легија. Верувам во единица. Во прилог оди и фактот дека гостинот не знае за победа во Гдањск седум години.

Предлог тип: 1 (2.03)

 

Краковија – Горник Забже (Недела, 15 часот)

Краковија е одлична оваа сезона. Момците на  Михал Пробиерж се втори на табелата и најавуваат висок пласман. Горник игра променливо, нареди четири меча без победа и затоа блага предност му давам на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен (Недела, 18 часот)

Верувам дека ќе гледаме отворен фудбал и многу голови, но блага предност давам на домаќинот кој според мене е фаворит.

Ајнтрахт полека ја подобрува формата, а тоа го покажуваат и резултатите на последните натпревари. Имаат серија од три меча без пораз и очекувам да продолжат.

Вердер е екипа што дава, но и прима многу голови од стартот на новата сезона. Тие се непредвидлива екипа што знае да ја изненади Борусија во Дортмунд со реми, но и да загуби од Фортуна Диселдорф на домашен терен.

Денеска сепак имаат посилен противник против себе и типувам победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (2.18)

 

Интер – Јувентус (Недела, 20.45 часот)

На „Џузепе Меаца“ ќе се игра можеби и најважниот меч на сезоната. Дербито на Италија, како што го нарекуваат ќе биде многу интересно. Конечно ќе видиме дали Антонио Конте и Интер се кадарни да го симнат Јуве од тронот.

Во секој случај ќе биде неизвесно и мислам дека овде ќе има голови во двете мрежи. Не би се осмелил да типувам кој би победил затоа што дефинитивно ова ќе биде тежок натпревар. Значи по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести