Надал: Пред три недели губев од секое дете во мојата академија, а сега победувам на АТП-мечеви

Рафаел Надал нареди три победи во низа и продолжува со успешниот настап на мастерсот во Мадрид. Во меч кој траеше повеќе од три часа, Надал го победи Педро Качин и покажа дека може да игра и во долги натпревари.

Чехот Лехецка е следниот ривал на Надал, а легендарниот шпански тенисер е полн со самодоверба.

„Само пред три недели губев од сите деца кои се во мојата академија, а сега се натпреварувам против тенисери на АТП-тур. И што е најважно, победувам“, рече Надал, кој беше задоволен и од фактот дека следниот меч ќе го игра во ноќниот термин затоа што ќе има подолго време да се одмори и да закрепне по тешката победа над Аргентинецот Качин.

- Оглас -

Најнови вести