Изложба на тетоважи посветени на Хуан Роман Рикелме (Фото)

Една од најголемите легенди на Бока јуниорс, некогашниот плејмејкер Хуан Роман Рикелме, на 12-ти декември ќе се прости од активното играње фудбал, а колку овој играч беше обожуван од фановите, докажуваат и бројните фотографии на луѓе кои имаат тетоваѓи посветени на Рикелме.

Популарниот Роман кој играше и за Барселона, но се прослави во Бока, побара од навивачите да му испраќаат слики со тетоважи со негоивот лик, или дресот со бројот 10. Иако се очекуваше да бидат испратени доста слики, и самиот Рикелме е шокиран од бројот на тетоважи.

Има тетоважи на нозе, на раце, на грб, тетовирани се и мажи и жени. Сите го обожуваат Рикелме, кој во Аргентина е во редот со Марадона и Меси како три најдобри десетки што ги имала таа земја. Во негова чест има и деца кои се викаат Хуан Роман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести