Шпанскиот кошаркарски репрезентативец, Серхио Љуљ, по којзнае кој пат покажа дека е еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч во Европа кога треба да се има шут за победа во неизвесна завршница.
Прилилегија е за тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, што има играч како Љуљ во својата екипа. Вечерва „кралскиот клуб“ беше во проблем на гостувањето кај Тенерифе. Домашните водеа со 71-70 на влезот во последната минута. Тогаш одговорноста кај гостите ја презеде Љуљ, кој погоди тројка за водство.
https://twitter.com/i/status/1180578962675625984
Тенерифе не го реализираше својот напад, па Реал тргна во уште еден напад. Повторно топката се најде во рацете на Љуљ, а тој погоди уште една тројка, го што ги уништи домашните.
https://twitter.com/i/status/1180579788777373696