Ништо од Венгер во Баерн, за сѐ биле виновни новинарите

Арсен Венгер нема да дојде на клупата на Баерн Минхен. Актуелниот стратег Нико Ковач има апсолутна доверба кај челниците на клубот и тој ќе остане на клупата и на следните мечеви. По серијата слаби резултати, Баерн падна на шестото место на табелата во Бундес лигата, но заостанува само четири бода зад лидерот Борусија Дортмунд. Тоа е негатива која лесно може да се достигне, па затоа уште не е запалено „црвеното копче“ за тренерот.

Неочекуваната прес конференција на која многумина чекаа смена на тренерот, всушност беше „час по објаснување“ со новинарите за тоа што го пишуваат за Баерн Минхен.

„Сакам да ви кажам нешто што нема врска со Баерн Минхен. Срамно е извесувањето за свирежите кон Нико Ковач за време на кошаркарскиот меч. Пишувате како не можеме без Бернат и дека не требало да го продадеме. Ќе видиме на крај кој ќе биде во право. Заборавате дека поради тој играч за малку ќе испадневме од Лигата на шампиони“, рече претседателот на клубот Ули Хенес.

И извршниот директор Карл-Хајнц Румениге имаше забелешк на начинот на известување и критиките кои ги трпат играчите на Баерн.

„Одлучивме да застанеме зад играчите кои добиваат премногу критики. Тука е еден Мануел Нојер кој заслужва повече почит. Неверојатно е што се пишуваше за него, а тој човек е светски првак и четири сезони беше прогласуван за најдобар голман на планетата. Точно дека не бранеше добро против Аугзбург и против Холандија за националниот тим на Германија, но не заслужува такви критики. Или кога ќе слушнам дека Боатенг и Хумелс се стари. Можеби треба да погледнете во другите држави како ги штитат играчите. Роналдо на 33 години замина во Јувентус и сите пишуваат сѐ најдобро, а кај нас ги бркате Рибери и Робен кои се по повеќе од 10 години во клубот“, рече Румениге.

Со ставовите на Хенес и Румениге се сложува и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кој на новинарите им ги демантираше гласините дека е скаран со Ковач.

Баерн Минхен има четири меча без победа, а утре гостува на Волфсбург во Биндес лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести