Клоп ќе го напаѓа Хадерсфилд со Салах и Мане, но без Кеита

Ливерпул можеше да се најде во поголеми проблем по изминатава репрезентативна пауза, откако неколку првотимци се вратија со повреда по обврските во своите национални состави. Сепак, простор за паника нема, бидејќи Мохамед Салах и Садио Мане брзо се опоравија, Вирџил Ван Дајк повеќе нема проблеми со ребрата, а во конкуренција за настап против Хадерсфилд в сабота ќе биде и Џејмс Милнер.

Со повреда на бутниот мускул се мачи само Наби Кеита, и тој нема да може да помогне на „црвените“ во обидот да стигнат до седмата победа во Премиер лигата сезонава.

„Сите играчи се подготвени за настап, тренираа без проблеми, со исклучот на Кеита. Тој не беше дел од денешниот тренинг, а нема да биде во составот за мечот против Хадерсфилд. Во следниот период ќе го следиме неговиот напредок“, истакна Клоп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести