Шок во „Јане Сандански“, Вардар надигран за 30 минути како никогаш досега

Шок и неверување владее на трибините во „Јане Сандански“ и кај сите што на телевизија го гледаат она што се случува на ракометниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и германски Кил.

Гостите по првото полувреме имаат огромно водство од 4-16. Во првите 20 минути, македонскиот и евроскипот првак даде само еден гол и тоа од пенал на Иван Чупиќ. Нападот на Вардар никако не успеваше да го најде патот до голот на Кил, а и кога ќе се најдеа во изгледна ситуација како седмерци и отворени зицери, голот на Ландин беше како маѓепсан.

Чудата во спортот се случуваат, остануваат уште 30 минути, но засега тоа изгледа како невозможна мисија и „црвено-црните“ ќе мора прво да го поправат впечатокот и да се изборат за попристоен пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести