Металург во ЕХФ купот ќе игра со тим од Словенија

Словенечкиот претставник Горење Велење е ривалот на Металург во третото квалификациско коло од ЕХФ-купот. Словенците се последна пречка за Металурзите пред групната фаза, во која посакуваат да влезат.

По елиминацијата на Пелистер и Бутел, клубот од Автокоманда е единствениот македонски претставник во второто по квалитет европско натпреварување.

Натпреварите од третото квалификациско коло ќе се одиграат на 16 и 21 ноември.

Инаку, вчера Металург ја заврши потрагата по нов тренер на првиот тим и се договори со Зоран Кастратовиќ, кој ќе го замени отпуштениот Дамир Стојановиќ. Во изминатите две седмици Металург преговараше со голем број еминентни тренери. На списокот беа и Ивица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамше, Рафаел Гихоса и Ненад Кљаиќ, но на крајот договор е постигнат со Кастратовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести