Реал Мадрид требаше да даде барем еден гол до 55 минута на дуелот проитв Леванте, за да избегне еден неславен рекорд. „Кралскиот клуб“ сепак не успеа да погоди на својот „Сантијаго Бернабеу“, па оваа генерација на шпанскиот гигант е рекордер по бројот на минути без да даде погодок.
За прв пат во 116-годишната историја на Реал цели 481 минути нема постигнато гол, односно осум часа. Неверојатната серија на Реал без да даде гол започна на мечот против Алавес, а потоа продолжи и на дуелите против ЦСКА Москва, Атлетико Мадрид, Севилја, а тука се бројат и 49 минути од последниот погодок постигнат на средбата против Еспањол. На крајот таа низа заврши благодарение на голот на Марсело во 72 минута против Леванте.
Претходниот неславен рекорд беше 464 минути и тоа беше генерацијата од 1985 година. Тогаш тимот не можеше да даде гол на дуелите против Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Интер, Валенсија и Еркулес. Сега, по 33 години, тој негативен рекорд е надминат.