Откако УЕФА го казни Ајакс со забрана за присуство на нивни навивачи на гостувања во мечеви од Лигата на шампионите, симпатизерите на холандскиот првак најавија дека сепак ќе допатуваат во Англија. Копјаниците на 5 ноември гостуваат на „Стемфорд бриџ“ кај Челзи, а наводно, повеќе од 2.000 навивачи се подготвени да се појават на дуелот од рамките на ЕФЛ меѓу четвртолигашот Лејтон ориент и резервите на Брајтон, кој се игра на ист датум.
Токму поради тоа Лејтон го оддложи мечот за 24 часа со цел да се избегне било каква опасност. Дел од навивачите на Ајакс веќе имаат платени аранжмани за пат во Лондон но сега им пропадна планот да направат спектакл на „Бризбејн роуд“, каде што Лејтон ориент ги игра натпреварите како домаќин. Штета, ќе беше многу интересно и секако, спектакуларно шоу на трибините со едни од најдобрите навивачи во Европа.
Leyton Orient have postponed their match against Brighton Under-21s by 24 hours following suggestions that it might be attended by thousands of Ajax fans. ❌❌❌
— Sky Sports Football (@SkyFootball) October 25, 2019