Хјустон му го расипа дебито на Леброн во „Стејплс“

Хјустон рокитс славеше на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 124:115, „ракетите“ во финишот зедоа замав и му го расипаа дебито на Леброн Џејмс пред домашната публика. „Езерџиите“ забележаа два порази на стартот на регуларната сезона, а Хјустон брзо се опорави по поразот од Пеликанс во премиерниот меч.

Во неизвесната пресметка клучни беа последните две минути од средбата, во кои при резултат од 114-112 во корист на  Хјустон, гостите направија серија од 10 поени, а лејкерси постигнаа само еден кош.

Шутерски расположениот Џејмс Харден заврши со 36 поени, седум скока и пет асистенции, Крис Пол додаде 28 поени и 10 асистенции. Кај домаќините повторно најефикасен беше Џејмс со 24 поени, пет скока и пет асистенции, Мекги додде 16 поени и пет скока.

Резултати НБА:

ЛА Лејкерс – Хјустон рокитс 115:124

Вашингтон визардс – Торонто репторс 113:117

Њујорк никс – Бостон селтикс 101:103

Филаделфија сиксерс – Орландо меџик 116:115

Чикаго булс – Детроит пистонс 116:118

Мајами хит – Шарлот хорнетс 112:113

Далас маверикс – Минесота тимебрвулвс 140:136

Денвер нагетс – Феникс санс 119:91

Портланд трејлблејзерс – Сан Антонио спарс 121:108

 

- Оглас -

Најнови вести