Поповски беше побрз од сирената за победа на Македонија против Грузија

Македонската ракометна репрезентација имаше уште еден успешен тест, откако и во вториот контролен меч ја победи Грузија, овојпат минимално со 29:28, во СЦ „Борис Трајковски“. Во еден интересен и неизвесен дуел, крилото Мартин Поповски се покажа како херој на мечот. Тој успеа да погоди во последните секунди, гол кој донесе триумф од еден разлика.

Филип Талески со 7 гола беше најефикасен кај Македонија, а Поповски даде шест погодоци. Капитенот Кирил Лазаров. заедно со искусниот голман Борко Ристовски останаа на клупата за резерви, од каде внимателно го следеа настапот на помладите, кои треба да бидат од голема помош на претстојното Европско првенство во Австрија, во јануари следната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести