Ферстапен на пол-позиција пред болидите на Ферари

Макс Ферстапен од пол-позиција ќе тргне на утрешното Гран при на Мексико откако возачот на Ред бул рејсинг беше најбрз на квалификациите со време од 1:14.758. Зад него ќе бидат двата болиди на Ферари, втор е младиот Леклер додека Фетел заостана за помалку од половина секунда.

Светскиот шампион Луис Хамилтон не успеа да извози под 1:15 минути, па се задоволи со четвртото место. Колегата на Ферстапен, Александер Албон ќе тргне од петтата позиција, додека Валтери Ботас оствари доволно време за шестото место пред да се забие во заштитната ограда пред финишот на квалификациите.

Има шанси да се спроведе истрага контра Ферстапен, бидејќи неговото најбрзо време го забележа под жолто знаме во период кога возачот на Мерцедес претрпе незгода.

Трката за Големата награда на Мексико е закажана за утре во 20 часот.

https://twitter.com/F1/status/1188170805210996736

https://twitter.com/F1/status/1188169026683334661

- Оглас -

Најнови вести