Ќе се фати ли Наполи на мамката од Реал?

За Фабијан Руис веќе зборувавме дека полека прераснува во врвен фудбалер за кого извесно време Реал Мадрид и Барселона кројат план како да го купат. Тоа е фудбалерот на Наполи кој со своите импресивни игри го сврте вниманието на себе, па откако се појави интерес од најбогатите клубови во Европа, газдата Де Лаурентис реагираше со поставената цена за услугите на Руис од неверојатни 180 милиони евра.

Меѓутоа, за Кралевите таа сума е преголема, па затоа во обидот да го доведат одличниот шпански играч за врска на „Сантијаго Бернабеу“, подготвија пакет-понуда, 20 милиони евра плус Иско. Иако сумата не е висока, од овој евентуален трансфер може да прифитираати сите три страни.

Реал ќе го добие Руис без да издвои голем дел од средствата за трансфери, Наполи за возврат ќе добие врвен креативец во Иско, а пак поранешното Златно момче ќе може да стави крај на агонијата во Мадрид и конечно да игра во клуб кој ќе го цени и ќе добива редовна минутажа.

Меѓутоа, Наполитанците засега настојуваат до својата одлука да инкасираат што е можно повеќе од фудбалерот за кого потрошија 30 милиони евра во 2018 година, а доколку Реал не успее во својата операција, Барселона и Манчестер сити ќе чекаат вистински момент да атакуваат по потписот на Руис.

- Оглас -

Најнови вести