Фабијан Руис? Понудете 180 милиони евра, па ќе збориме

Наполи е клуб од каде што тешко може да се купи играч доколку раководството нема намера да го продаде. Така беше случајот со Кулибали, цела Европа се тепаше за сенегалскиот дефанзивец, но газдата Де Лаурентис без да преговара ги одби сите понуди, кои достигнаа и до 100 милиони евра.

Сега Наполитанците имаат уште еден таков играч од кого нема да се откажат во ниту еден случај, а станува збор за Фабијан Руис Шпанскиот играч за врска брилјира во светло-синиот дрес што ги натера Ел Класико ривалите да започнат операции како да го присвојат. Произлегоа шпекулации дека Барса и Реал се подготвени да потрошат и до 60 милиони евра, двојно повеќе колку што плати Наполи услугите на Руис.

Но, првиот човек на италијанскиот вицешампион смета дека таа сума е смешна, а би седнал на маса да преговара само ако добие понуда од девет цифри. Само 180 милиони евра би биле доволни за Де Лаурентис да размисли за продажба.

Иако се чини невозможно, доколку Руис продолжи со добрите игри оваа астрономска цена за брзо може да стане реална, а Шпанецот да биде трет најскап играч во историјата. Инаку, трансферот на Мбапе во ПСЖ чинеше вкупно 180 милиони евра, поголема сума на пари е потрошена само за Нејмар (222 милиони евра), исто така од страна на Светците.

- Оглас -

Најнови вести