Дек има шут мек – Победа на Реал Мадрид со звукот на сирената (Видео)

Габриел Дек имаше шут мек, погоди во последната секунда за голема победа на Реал Мадрид од 91:89 на гостувањето во Виторија кај Басконија.

Во дербито на 7. коло во шпанската лига, а домашната екипа успеа да анулира негатива од 13 поени разлика на полувремето, 34:47 и да дојде на прагот на победа, но не успеа.

Басконија го доби третиот период со убедиливи 36:18 му се закани на лидерот со прв пораз во домашното првенство, но Дек не дозволи да се сопре серијата од 7 победи на Реал.

Аргентинецот беше ладнокрвен, а Реал Мадрид преброди тешко гостување во Баскија.

- Оглас -

Најнови вести