Емери доби ултиматум

Управата на Арсенал му постави ултиматум на менаџерот Унаи Емери. Шпанскиот стратег мора да се погрижи неговата екипа да издвои победи во наредните два меча, во спротивно ќе му биде врачен отказ. Топчиите од стартот на сезоната играат доста променливо и моментално се петти на табелата во Премиер лигата, со 14 бода заостаток зад лидерот Ливерпул.

Обврската на Емери е да издвои победи во дуелите против Виторија Гимараиш во Лигата на Европа, а потоа и следниот викенд против Лестер. Токму портив Лисиците е поважен дуелот, бидејќи тимот на Брендан Роџерс игра одлично и се наоѓа на третото место на табелата по првата третина од англискиот шампионат.

По овие два натпревари, следува репрезентативната пауза, па во случај Емери да не го „положи“ испитот, сигурно ќе биде разрешен од кормилото.

- Оглас -

Најнови вести