Челзи остана максимален во Конференциската лига откако го совлада Хајденхајм со 0-2 на гостински терен. Бундеслигашот беше големо изненадување во првенството на Германија минатата сезона и првпат обезбеди пласман на европска сцена, а дотогаш малкумина имаа слушнато за нив.
Мечот со Челзи привлече големо внимание во Хајденхајм, а нивните навивачи дури и со транспарент го провоцираа Челзи. Тие напишаа „Ајде да го завршиме Брексит и да го испратиме Челзи дома“.