Манчестер јунајтед го има новиот Меси, ѝ го грабна на Барселона пред нос (Видео)

Арнау Пуигмал сè повеќе го потврдува раскошниот талент и со нов фантастичен гол од слободен удар покажува дека светот на фудбалот добива нов ас од калибарот на Лионел Меси.

Вечерва момчето што има само 18 години повторно постигна прекрасен гол од слободен удар за младиот тим на Манчестер јунајтед.

Против Мидлсбро, Пуигмал погоди од 25 метри, неодбранливо во десниот агол на домашниот гол, а овој погодок е како копија на претходниот, што играчот од средниот ред го постигна против младинците на Њукасл

Арнау е фудбалски производ на Академијата на Еспањол, каде што тренираше од 10-годишна возраст, а веднаш го привлече вниманието на гигантите Манчестер јунајтед и Барселона.

Црвените ѓаволи беа побрзи и повешти и во јули 2017 година го доведоа Арнау на „Олд Трафорд“. Неколкупати веќе тренираше со првиот тим и наскоро се очекува да дебитира за првиот тим на Манчестер јунајтед.

До официјалното деби на големиот талент, погледнете ги двата фантастични гола од слободен удар, против Њукасл и Мидлсбро.

 

- Оглас -

Најнови вести