Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и на 48 години не престанува да прави деца. Обелоденето е дека неговата сопруга Карла Переира, со која е од 2014 година, повторно е бремена и го чекаат нивното второ дете, откако во 2016 година таа ја роди ќерката Франческа.
Популарниот Чоло од првиот брак со Каролина Балдини има три големи сина. Тоа се 23-годишниот Џовани, кој е фудбалер на Фиорентина, потоа Џанлука (20) и Џулијано (16).
Карла и Диего се среќни што повторно ќе добијат дете, а летоска додека биле на летен одмор со ќерката, дознале дека по вторпат ќе станат родители. Карла, која е цели 18 години помлада од Аргентинецот, не откри дали второто дете им е момче или девојче.