Фудбалерите од една, а раководството на клубот и навивачите од друга стана е моментната ситуација во Наполи, чиј член е македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Откако играчите одбија да одат во карантин, во клубот владее вистински хаос, а најнепријатно му е на тренерот Карло Анчелоти, кој е во средина.
На Лоренцо Инсиње ќе му биде одземена капитенската лента, Алан го пцуел потпретседателот, му порачал „парите да си ги пикне во задникот“, а меѓу лидерите на бунтот се и Калјехон и Мертенс, кои клубот планира да ги продаде во Кина. Исто така и Кулибали, кој сака да биде продаден, е вмешан.
На играчите им е забрането да даваат изјави. Фановите застанаа зад претседателот Аурелио де Лаурентис и поддржуваат казни за играчите кои биле предавници. Најавите се дека во јануари, а и во јули ќе има голема чистка во тимот. И тренерот Анчелоти ќе треба да си бара нов клуб. Како главен кандидат за преземање на функцијата се спомнува Лучијано Спалети.