Ларкин и Мициќ сами го победија Олимпијакос

Василие Мициќ и Шејн Ларкин одиграа брилијанта партија кошарка во Пиреј и го предводеа актуелниот европски вицешампион Анадолу Ефес до убедлива победа од 86:67 против Олимпијакос.

Мициќ беше поефикасен и постигна 27 поени, комбинирани со пет асистенции, а Ларкин уфрли 24 поени само со една утка од поле.

Олимпјакос поведе со 24:21 по првиот период, но потоа им се случи потопот. Вистинска рафална стрелба имаа Мициќ и Ларкин, а Ефес ја доби втората четвртина со 32:11 и потоа успеа да ја задржи предноста докрај.

Брендон Пол со 15 и Принтезис со 14 беа најефикасни кај домашниот тим.

Уште поубедлив на домашен терен беше Макаби, а во Тел Авив настрада берлинска АЛБА. Израеслкито состав победи со 104:78. Ди Бартоломео постигна 19 поени, а Вилбекин имаше учинок од 16 поени кај победничкиот тим.

Сива и Кавањо беа најрасположени кај гостите со по 14 поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести