Со тројката на Џордан Тејлор на 13 секунди до крајот, Асвел го совлада европскиот првак ЦСКА Москва со минимални 67:66. Екипата од Лион така ја запиша четвртата овосезонска победа, односно ум го нанесе вториот пораз на Армејците во последните три кола од Евролигата.
Резултатот често се менуваше во текот на средбата, поведоа гостите, а одличното издание во вторите 10 минути на кошаркарите на Асвел ги доведе до ситуација да се надеваат на сензација. ЦСКА можеше многу порано да го реши мечот, но избраниците на Итудис дозволија да стравуваат за посакуваната победа, па им се случи бродолом на 13 секунди до крајот.
Тејлор погоди тројка во последниот напад на домаќините, додека Џејмс не успеа да реализира на истекот од средбата за уште еден пресврт. Ломаш и Тејлор со 15, односно 14 поени беа најефикасни од редовите на Асвел, 14 поени на Џејмс не беа доволни за ЦСКА.
Останати резултати:
ПАО – Валенсија 91:80
Жалгирис – Барселона 86:93