Михајловиќ ја бие клучната животна битка – Нема да ја води Болоња до Нова година

Синиша Михајловиќ ја бие клучната животна битка, му следи третата фаза со хемотерапија, велат и најважната, а ќе отсуствува од терените до Нова година.

Михајловиќ досега успеваше напоредно да ја прима терапијата и да биде крај терените во Серија A како кормилат на Болоња, а ја има поддршката од фудбалскиот свет и навивачите на сите делови од планетата.

Сега ќе мора да мирува и нема да биде во можност да го предводи калчолигашот од клупата во следните 6-7 седмици.

Досега одлично се држи со болеста што му беше дијагностицирана годинава, но сега следува главната фаза што Синиша мора да ја преброди во битката со тешката болест.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести