Како местеле судиите во БиХ – За жена ти се зелените пари, за децата се кафените, а има и 300 килограми јаглен

Еве ти пари. За жена ти се зелените, а има и за децата. За нив се кафените, бил разговорот меѓу двајцата осомничени фудбалски судии во БиХ кои се дел од групата од 11 лица што се под истрага за местење натпревари.

Разговорот е меѓу Илија Живковиќ и Кенан Бајрактаревиќ, кои во повеќе наврати земале пари од клубовите, но се фатени во мрежа од Државната агенција за истрага и заштита, попозната како СИПА.

Пипците на судиите биле распространети во широката мрежа на корупција и мито, што го откри СИПА во акцијата со работно име ВАР.

Се одело доттаму што како мито на судиите им се нудел и јаглен, и тоа не каков било, туку од познатиот од Бановиќи. Судијата Живковиќ си товарел 300 килограми јаглен како подарок од локалниот клуб Будуќност бидејќи тие биле задоволни што не досудил пенал против нив на мечот со ГОШК.

Неговиот колега Бајрактаревиќ веројатно и ги насмеал претставниците на СИПА, кои ги снимале разговорите на неколку судии, а дури и учествувале во предавањето на пари, маскирани како претставници на клубовите.

„Ова ми е најдбриот меч што сум го судел во оваа сезона“ ѝ се пофалил Бајрактаревиќ во телефонски разговор на својата сопруга откако земал мито од 3.000 евра и 1.000 конвертибилни марки за да суди како по ноти во корист на ТОШК против ГОШК.

Засега под истрага се 11 лица, меѓу нив грото се фудбалски судии, а можно е да има уште луѓе кои се вклучени во една од најголемите афери во спортот во БиХ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести