Ирак е во транс – Политичките демонстрации се претворија во фудбалска журка по победничкиот гол против смртниот непријател (Видео)

Ала Абас Абдулнаби е херојот на Ирак, а неговиот победнилки гол во 92-рата минута против смртниот непријател Иран предизвика делириум во земјата.

Илјадници навивачи на различни локации во Ирак ја следеа средбата на видеобимови бидејќи мечот се играше на неутрален терен во Аман, Јордан.

Најинтересно беше на Тахрир Сквер, каде што имаше политички демонстрации, но за време на мечот се гледаше фудбал и на радост на Ирачаните, заврши со победа на нивната репрезентација.

https://twitter.com/thestevennabil/status/1195014990815584256?s=20

Со по еден гол во првото полувреме двете селекции влегоа во финишот на мечот во егал, со резултат 1:1, но Абдулнаби имаше поинаков план и со гол му донесе голема победа на Ирак, селекција која сега е прва на табелата во групата Ц за настап на Мундијалот во Катар 2022 година.

Ирачаните имаат 10 бода од четири меча, пред Бахреин со 8, Иран со шест, а аутсајдерите Хонг Конг со два и Камбоџа со еден бод речиси и немаат шанси за пласман на следниот Мундијал.

Ирак и Иран беа во осумгодишна крвава војна од септември 1980 до август 1988 година и се големи ривали на сите полиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести