Александар Трајковски нема да игра за Мајорка против Леванте на Енис Барди утре од 21 часот, во премиерниот меч од 14-тото коло во Ла Лига.
Ова требаше да биде прв македонски дуел во шпанската лига, но до него нема да дојде на „Сиудад де Валенсија“, стадионот што е дом на Леванте.
Трајковски се повреди на мечот со Австрија пред пет дена и нема да настапи за Мајорка. Барди е подготвен за игра, тој е стандарден во почетната постава на Леванте и речиси сигурно повторно ќе биде стартер утре од 21 часот.
Барди и Трајковски се единствените наши фудбалери што настапуваат во една од најсилните лиги на светот. Лани гледавме дуели меѓу Енис и Столе Димитриевски, кој бранеше за Рајо Валјекано, но клубот од Мадрид испадна и сега е член на популарната Сегунда во Шпанија.