Одлуката на фудбалската федерација на БиХ да го смени селекторот Роберт Просинечки е глупост, смета некогашниот селектор на „змејовите“, Мирослав Ќиро Блажевиќ. Според хрватската тренерска легенда, разрешувањето на Жути е грешка, бидејќи тој го донесе тимот до плејофот во Лигата на нации.
„Смената на Просинечки е сериозна грешка. Вака се оди во некакви акробации. Според квалитетот, БиХ заслужува да игра на ЕП, и ќе оди ако овие од фудбалската федерација не погрешат во изборот на новиот селектор. Но, ќе погрешат, 100 проценти сум сигурен“ – изјави Блажевиќ кој пред десет години беше селектор на Босанците, но Португалија ги спречи да одат на СП 2010 во Јужна Африка.
Ќиро не сакаше да каже кого тој би го одбрал за селектор. Како кандидати по босанските медиуми се спомнуваат Сафет Сушиќ, Младен Крстајиќ и Винко Мариновиќ.