Голот на Николов го искачи МОЛ Фехервар на прво место во Унгарија

Пред 12 дена, Бобан Николов и донесе победа на Македонија против Израел во квалификациите за ЕП 2020, а вечерва даде гол за својот клуб МОЛ Фехервар, со кој популарниот клуб некогаш познат под името Видеотон, се искачи на првото место на табелата во унгарскиот фудбалски шампионат.

Николов погоди за победа на МОЛ од 3-1 против ДВТК, беше стрелец во 85-та минута, а токму за тој еден гол, сега тимот на Николов и Висар Муслиу, има подобра гол-разлика од Ференцварош, со кого се изедначени под бројот на бодови на врвот во унгарската лига. Додуша, Ференцварош има и два меча помалку. Николов и Муслиу го одиграа цел меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести