Барди и соиграчите беа немоќни – Хетафе потсетува на ланската сезона

Енис Барди одигра цел меч за Леванте, но и тој и соиграчите беа немоќни да му се спротивстават на разгиграниот Хетафе и доживеаја висок пораз од 4:0 во Мадрид.

Првото полувреме воопшто не навестуваше ваков убедлив пораз, а по 45 минути игра беше 0:0. Серијалот голови за домаќинот го почна Кабрера во 54. минута, а потоа Молина од пенал само шест минути подоцна зголеми на 2:0.

Анхел и Тимор со по еден пгоодок го комплетираа успешниот од на екипата која лани беше хит во Ла Лига и за малку не успеа да се избори за настап во Лигата на шампионите.

Избраниците на Пепе Бордалас и оваа сезона играат квалитетно и со новата победа денеска се пробија на седмата позиција со 24 бода. Имаат и серија од пет меча без пораз во силното шпанско првенство.

Леванте го претрпе вториот највисок пораз во 2019 година, по тој од Севилја во јануари со 5:0 на „Санчес Писхуан“. Моментно се на 11. позиција со 20 бодови.

- Оглас -

Најнови вести