Лео Меси оди по Златната топка во одлично расположение откако вечерва со гол во 86-тата минута ѝ донесе важна победа на Барселона против Атлетико Мадрид во дербито на 15-тото коло во Ла Лига.
Аргентинецот одигра скромен меч за неговите квалитетити, но се истакна кога најмногу ѝ требаше на Барса. Одлично реагираше во финишот и погоди за победа, а веќе утре, според најавите, ќе има нови моменти за радост откако е веќе објавено дека е добитник на Златната топка.
King Lionel #Messi #ATMBAR pic.twitter.com/JyAKGxoObu
— Introverted_Psycho (@djdyvah) December 1, 2019
Покрај Меси, најзаслужен за победата на шампионот против одличниот тим на Атлетико беше голманот на гостите Марк-Андре тер Штеген.
Германецот беше несовладлив на голот, а двете одбрани во првиот дел по ударите на Хермосо и на Мората беа исклучително добри. Рефлексно реагираше и одбрани на гол-линијата, а извонредните одбрани ги продолжи и во вториот дел.
Барса се врати на врвот во Ла Лига со 31 бод, колку што има и Реал Мадрид, но Кралскиот клуб има меч повеќе. Атлетико падна на шестата позиција со 25 бода.