Претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, решил да го смени тренерот Карло Анчелоти, тврдат медиумите во Италија. Според најавите, Анчелоти на 10 декември ќе добие отказ, и тоа веднаш по завршување на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, кога Наполи игра на свој терен против Генк.
Фаворит за наследник на Анчелоти е Џенаро Гатузо. Наполи слабо стартуваше во Серија А и моментно е на седмото место на табелата. Тимот од Неапол нема победа на последните шест средби. Челниците на Наполи веќе ги направиле првите контакти со Гатузо, кој летоска си замина од Милан.
Во Наполи од летоска е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој добива шанса за настап и во првенството, но и на мечевите од Лигата на шампионите. Наполи со победа во последното шесто коло од групната фаза од ЛШ против Генк ќе си обезбеди место во нокаут-фазата од елитното натпреварување.
Growing reports #Napoli crunch meeting between squad and Carlo Ancelotti did not go well, so club decided they'll fire him after final #UCL group game and bring in Gennaro Gattuso https://t.co/6qMnL9cowS #SerieA #LFC #AFC #MUFC #PSG pic.twitter.com/zf4uyFSsVB
— footballitalia (@footballitalia) December 3, 2019