Дортмунд го потврди заминувањето на Ројс, но Санчо со еден коментар им направи голем проблем (Фото)

Борусија Дортмунд и официјално потврди дека Марко Ројс на крајот од тековнава сезона си заминува од клубот после 12 години во „жолто-црниот“ дрес. Навивачите долго се спротивставуваа на неговото заминување и се надеваа дека тој ќе се пензионира во дрсот на Борусија Дортмунд.

Сепак, такво нешто нема да се случи и од следната сезона 34-годишниот фудбалер ќе го гледаме во друга екипа. На објавата на социјалните мрежи за заминувањето на Ројс, свој коментар имаше и Џејдон Санчо, кој се чини ќе им направи сериозни проблеми на раководството на „милионерите“.

Тој напиша: „Мора да го повлечеме дресот со број 11“, и за кратко време доби 25.000 допаѓања на коментарот. Ова може да им направи проблеми на челните луѓу на Борусија Дортмунд, бидејќи и до сега се покажало дека не се многу расположени за вакви работи.

- Оглас -

Најнови вести