Мурињо објасни зошто Тотенхем загуби на „Олд Трафорд“

По пауза речиси од една година, Жозе Мурињо повторно беше на „Олд Трафорд“, и тоа како тренер, но овојпат на гостинскиот тим. Тотенхем загуби од Манчестер јунајтед со 2:1, а Маркус Рашфорд со два гола беше вистински херој за домаќините.

Мурињо го призна поразот од неговиот поранешен клуб и објасни дека Тотенхем никако не смеел да прими таков гол на почетокот на второто полувреме. Еден од најуспешните тренери во изминативе 10-тина години е задоволен од пречекот.

„Беше убаво, пристојно. Баш како што очекував. Резултатски гледано, ова за нас беше чекор назад во дуел против екипа која има иста цел како и ние. Екипа која се обидува да се искачи на табелата и да стигне до топ 6. Мора да продолжиме. Направивме некои грешки, но нема сега да жалиме поради нив, туку ќе се фокусираме за следниот меч против Барнли“, рече Мурињо веднаш по мечот на „Олд Трафорд“.

Најмногу забелешки Мурињо има на „заспаноста“ во одбраната на почетокот на второто полувреме, кога и беше досуден пеналот за Манчестер јунајтед.

„Второто полувреме го започнавме на начин на кој не смеевме. Примивме гол кој никако не смеевме да го примиме. Не внимававме, заспавме додека тие го изведуваа аутот и му дозволивме на Рашфорд да нападне. Кога ќе влезе во шеснаесетникот, многу е тешко да се чува. Беше паметен и чекаше контакт. Во првото полувреме тие можеа да водат со 2:0, но потоа ние ја презедовме контролата на играта. Голот на почетокот на второто полувреме му дозволи на Манчестер да игра како што играше до крајот“, анализираше Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести