Беса од Добри Дол и официјално е нов прволигаш, пред промоција е и Пелистер!

Фудбалскиот клуб Беса од гостиварското село Добри Дол го обезбеди првото место во второлигашката конкуренција и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.

Беса денеска на стадионот во Врапчиште беше подобра од Охрид Лихнидос со 4-0 и на три кола до крајот го обезбеди прволигашкиот статус.

Во првата лига речиси сигурно директно ќе влезе и битолски Пелистер, кој е втор со голема предност пред Детонит Плачковица од Радовиш, која како третопласирана екипа во Втората лига ќе треба да игра бараж против третиот од долу во Првата лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести