Џејмс не греши двапати во последна секунда (Видео)

Мајк Џејмс не греши двапати во последна секунда и со тројка во продолжение ѝ донесе победа на ЦСКА Москва против Жалгирис.

Џејмс погоди со истекувањето на времето во продолжението, а Армејците славеа со 85:82. Во регуларниот дел беше 69:69, а и тогаш бекот на ЦСКА се обиде со удар за три поени во последната секунда, но не успеа.

Со 20 поени, Јанис Стрелниекс беше прв стрелец на мечот и кај ЦСКА,. а 19 поени постигна Џејмс. Кај Жалгирис, кој беше на прагот на нова победа против екипа што била европски шампион во последните три изданија се истакна Томас Волкап со 19 поени.

Жалгирис ги победи сезонава и Реал Мадрид и Фенербахче, но вечерва не успеа да наниже хет-трик против уште еден првак во Евролигата, и тоа актуелен, па остана на претпоследното место само со 3 успеси во 12 меча.

ЦСКА е на четвртото место со 8 победи и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести