Оскар двапати погоди за „Оскар“, Леганес му го остави фенерот на Еспањол (Видео)

Леганес ја победи Селта со 3:2 и му го остави фенерот на Еспањол во Ла Лига. Блескаше младинскиот репрезентативец на Шпанија, Оскар со два прекрасни гола.

Момчето кое играше и против Македонија во Алкоркон пред еден месец во триумфот на Шпанците од 3:0 и денеска одигра одлично.

Во 15. минута фантастично шутираше од слободен удар и го остави голманот на Селта, Бланко на гол-линијата, немоќен да го спречи евроголот на 21-годишниот играч од средниот ред на Леганес.

https://www.youtube.com/watch?v=cKTZL7B7WJI

Потоа повторно погоди во 39. минута, овојпат со топовски удар од далечина.

https://www.youtube.com/watch?v=0MdngOswlNA

Леганес имаше и предност од 3:0, потоа и играч повеќе, но си дозволи да стравува за победата.

Араухо и Аспас набрзина постигнаа голови за Селта и последните десет минути беа неизвесни, но гостите немаа сили за подвиг со 10 играчи, по исклучувањето на Фернандес во 71. минута.

- Оглас -

Најнови вести