Не штима завршната сметка – Реал мора да продаде играчи за 200 милиони евра

Реал Мадрид мора под итно да продава играчи и да заработи околу 200 милиони евра, за да ги затвори дупките во буџетот и да избегне казна од УЕФА и од Ла Лига.

Клубот потроши околу 350 милиони евра во летниот преоден рок за засилувањата Азар, Јовиќ, Милито, Родриго и Менди, па сега ќе треба да се врати во рамнотежа со завршната сметка за оваа година.

Се очекуваше дека без многу проблеми Реал ќе ги доведе работите во нормала со продажба на Герет Бејл и на Џејмс Родригес, но тиа останаа во клубот.

Според шпанските медиуми Реал ќе се обиде повторно да ги продаде Бејл и Родригес веќе оваа зима, или ќе го стори тоа во следниот летен преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести