Легендарниот мексикански тренер Хавиер Агире успева да го консолидира тимот на Леганес, а вечерва со реми 1:1 против Алавес освоен е петтиот бод на четири меча, колку што новиот стратег е на кормилото на клубот од Мадрид.
Пред да пристигне Агире, Леганес имаше само пет бода на 13 натпревари во Ла Лига, а сега истиот ефект е на само четири натпревари.
Леганес имаше можност да ги освои и трите бода во Баксија, бидејќи водеше со голот на Мартин Брајтвајт во 43. минута, но гостите примија погодок во финишот и освоија само еден бод.
Стрелец на израмнувачкиот гол за Алавес беше Жоселу во 81. минута. Леганес остана на претпоследното место со 10 бода, пред Еспањол кој е фенерџија со девет бодови, но и меч помалку.
Алавес стаса до кота 19 и е на 15. позиција во Ла Лига.