Ова се откритијата на ЛШ, од нив многу ќе се очекува во 2020

Европската фудбалска унија, УЕФА, состави тим од 11-мина фудбалери за кои 2019 беше година за дебитирање во Лигата на шампионите или голем скок со светло прикажување пред светот. Во таа екипа на таленти кои играа во ЛШ, најстариот има 23 години.

На голот е Мерет од Наполи. Во одбраната се Хакими од Борусија Дортмунд, Павар од Баерн, Упамекано од Лајпциг и Ренан Лоди од Атлетико Мадрид. Од средниот ред се Берж од Бриж, Хаверц од Баер Леверкузен и Дани Олмо од Динамо Загреб. Нападот е одличен: Родриго од Реал Мадрид, Халанд од Салцбург и Лаутаро Мартинес од Интер.

Мерет прими само 4 гола на шест меча, Хакими, кој е играч на Реал, а во Борусија е позајмен, игра како десен бек и даде дури четири гола во групната фаза. Павар е познат, беше дел од француската репрезентација која стана светски првак, но сега почна да се докажува и на клупска сцена. Французинот Упамекано е динамичен дефанзивец кој знае да игра со топка. Бразилецот Лоди ја покрива позицијата лев бек кај Атлетико.

Најмлад во ова друштво е 18-годишниот Родриго од Реал, кој блесна против Галатасарај кога направи перфектен хет-трик (по еден гол со лева нога, со десна нога и со глава). Тинејџер е и Халанд, кој на дебито во ЛШ направи хет-трик само за едно полувреме, даваше голови во првите пет кола, а сега потпиша за Борусија. Интер не ја мина групата, но 22-годишниот Лаутаро е играч кој Меси го сака покрај себе во Барселона, и тоа кажува многу за него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести