ПСЖ ја одреди цената за Кавани, но дали Атлетико е подготвен да плати толку

Атлетико Мадрид најави дека во јануарскиот преоден рок планира да доведе квалитетен играч во нападот. Фокусот е на Едисон Кавани од ПСЖ. Уругваецот има договор со францускиот тим до крајот на летово и сигурно нема да му биде продолжена соработката, што значи дека по шест и пол години поминати во клубот, ќе си замине од Париз.

Ова значи дека доколку Кавани остане во ПСЖ до крајот на сезоната, потоа ќе биде слободен играч и без проблем ќе може да си одбере нов клуб, без да биде платено ниту едно евро за неговиот трансфер. Сепак, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне најави дека сака уште сега да се засили во нападот кој е најслаба алка во тимот на Јорганџиите.

ПСЖ најави дека е подготвен за само 10 милиони евра да го пушти Кавани уште во следниве неколку дена, сума која не би требало да биде проблем на Атлетико да ја плати за еден вака квалитетен и докажан играч.

 

- Оглас -

Најнови вести