Нема да им биде лесно да играат против тимот за кој што навиваат

Пари Сен Жермен вечерва од 20.55 часот има гостување кај шестолигашот Лина-Монтлери, а колку големи фаворити се гостите покажува и податокот дека овој меч го нема во понудите на некои обложувалници.

Во тимот на Лина-Монтлери играат фудбалери кои всушност се страстни навивачи на ПСЖ, па вечерва ќе имаат дилема како да играат против својот сакан тим. Иако срцето им чука за париските Светци, ќе мора да се потрудат да дадат отпор, но без да повредат некого.

„Не смееме да повредиме никого, мора да ги чуваме за мечевите од Лигата на шампионите. Ова е меч на кариерата за мене“ – изјави левиот бек Херман Колин Куаси.

Во овој клуб, како тинејџер има играно Танги Ндомбеле, кој сега е во Тотенхем. Името на клубот е спој на соседни гратчиња кои заедно имаат 7.000 жители, и се наоѓаат на јужната периферија на Париз. Како домаќини играат на стадион кој е 26 километри оддалечен од „Паркот на принцовите“.

Капитенот Жоан Рока четири години играл за младинскиот тим на ПСЖ, а 52-годишниот тренер Стефан Кабрели има сезонски билет за мечевите на ПСЖ. Славјето после мечот им е загарантирано, без разлика на резултатот.

- Оглас -

Најнови вести