Направена прогноза: На кое место Македонија ќе заврши на ЕП?

Македонската ракометна репрезентација без поголеми проблеми би требало да ја помине првата фаза од Европското првенство, барем кога се работи по прогнозата на престижниот ракометен портал „handball-planet“. Според овие предвидувања, Македонија заедно со Австрија ќе ја поминат првата фаза и ќе бидат дел од главната група.

Во мечевите за борба за пласман во полуфиналето, Македонија нема да помине баш најдобро, па предвидувањата се дека нашата репрезентација на крајот на Европското првенство ќе заврши на 11-тата позиција.

Според „handball-planet“, Шведска има најголеми шанси да биде европски првак, а во финале би играла со Данска. Шпанија, актуелниот бранител на тронот, во дуел за третото место би ја победила Хрватска.

Оваа прогноза на „handball-planet“ не е многу далеку од коефициентите кои ги нудат Sport Life обложувалниците. Според Sport Life, Македонија е на 12-тото место според шансите да стане првак, а коефициентот за такво чудо е 125.

За конечниот пласман на 24-те репрезентации кои се дел од ЕП, а по предвидувањата на „handball-planet“, кликнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести