Пјонтек на пат кон Тотенхем, но Мурињо не е воодушевен

Полскиот напаѓач Кжиштоф Пјонтек во следните 48 часа би можело да пристигне во Лондон на лекарски тестови како последен чекор пред ставањето потпис на договорот со Тотенхем, најавуваат англиски медиуми. Пјонтек е во сенка на Златан Ибрахимовиќ во Милан, па сака да си замине и Тотенхем во него гледа идеална замена за повредениот Хари Кејн, кој нема да игра до април.

Пјонтек ќе може да помогне и во ЛШ, а трансферот на 24-годишниот Полјак би бил 28 милиони фунти.

Сепак, има и една сериозна пречка во реализација на договорот. Тоа е тренерот Жозе Мурињо. Според Специјалниот, Пјонтек нема да го реши проблемот кој се појави со отсуството на Кејн. Ако навистина премине во клубот од Лондон, Пјонтек би дебитирал следната недела на мечот од ФА купот со Ватфорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести