Ѕвезда надополни -21 во Лион за четврта победа во низа

Црвена ѕвезда во фантастичното второ полувреме ја украде победата против Асвел среде Лион со конечни 83:80. Црвено-белите беа во длабока негатива уште по првата четвртина која домаќините ја добија со 30:13, а дури пред полувремето Асвел оствари и +21 поени разлика.

Сепак, гостите од Белград во сосема различно расположение полека ја топеа негативата, па така во последните две минути го свртеа резултатот, а Пантер на две секунди до крајот погоди тројка за деветтата победа во првенството, односно четврта во низа.

Штимац со 21 поен ја предводеше Ѕвезда, додека Панттер заврши со 18 поени, додека Ломаш со 13 поени беше најефикасен во домашниот состав.

Останати резултати од 18-тото коло во Евролигата:

Химки – Зенит 81:83, Баерн Минхен – ЦСКА Москва 77:84, Барселона – Анадолу Ефес 82:86, Валенсија – Олимпијакос 91:93.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести