Во Севилја размислувале да го прекинат дуелот со Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид ја победи Севилја во дербито на шпанското првенство со 2:1 и Кралевите се искачија на чело на табелата. За Реал ова беше 13-та победа во низа против Севилја, а гостите беа многу револтирани од начинот на кој беше делена правдата.

Во првото полувреме беше помиштен погодок на Севилја, а тренерот Јулијан Лопетеги на полувремето не можеше да го прифати фактот дека голот беше поништен поради фаул. Ако беше признаен голот на Севилја, гостите на полувреме ќе водеа со 1:0. Некогашниот тренер на Реал, а сега на чело на Севилја во тунелот одејќи кон соблекувалната викал „Ова е срамота, срамота“. Да нема поголем инцидент се погрижи спортскиот директор на Севилја, Мончи, кој го смирувал тренерот.

Сепак, подоцна Мончи откри дека доколку и во второто полувреме имало поништен гол на Севилја, гостите ќе го напуштеле теренот. „Целиот свет виде што се случи. Такви потези се случуваат на теренот. Мислам дека клучен момент беше кога судијата го поништи голот на Де Јонг. Тоа го промени текот на мечот. Апсурдно е потоа да се анализира мечот. Ако судијата ни го поништеше голот и во второто полувреме, сигурно ќе ја повлечевме екипата од теренот. Не знам зошто првиот гол беше поништен, прашајте го судијата“, рече Мончи.

Спортниот момент за поништениот гол е по 3:25 минути на клипот.

https://youtu.be/fAecKuSHTsA

 

- Оглас -

Најнови вести