Ќе нема трета среќа за Леонеса

Транмере – Ватфорд (ФА куп, Англија, 20.45 часот)

Конечно ќе се игра и последниот натпревар од третата рунда во ФА купот. Мечот беше закажан да се игра претходната недела, но беше одложен, а се работи за повторен меч по ремито во Ватфорд од 3:3.

Правилата во ФА купот се да се игра комплетно нов меч ако првиот заврши нерешено, а интересно е што Управата на Ватфорд веќе продава билети за дуелот од четвртата рунда против Манчестер јунајтед.

Првиот дуел беше со неверојатен тек, а премиерлигашот Ватфорд имаше предност од 3:0 на домашен терен и си дозволи луксуз да прими три гола во последната третина од мечот и да мора да игра уште еден меч со членот на Лига 1 во Англија.

И двете екипи се во незавидна ситуација во своите лиги и се борат за опстанок, но ова е меч што вреди многу. Победникот ќе му биде домаќин на најтрофејниот клуб во Англија, на Манчестер јунајтед, па со тоа е можност добро да се пополни касата. Ова особено се однесува на Транмере, па се очекува домаќините да фрлат сè на една карта и да се обидат да приредат уште едно изненадување.

Првиот меч заврши нерешено 3:3, Ватфорд игра многу подобро во последно време, по очајниот старт во Премиер лигата, додека Транмер е мотивиран да го елиминира првлигашот, па очекуваме голови во нов ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.05) 

 

Вулверхемптон – Ливерпул (Премиер лига, 21 часот)

Магијата на Ливерпул не сопира и победите се редат како на филмска лента. Избраниците на Јирген Клоп апсолутно доминираат во Премиер лигата и веќе се прогласени за нови шампиони, иако има уште доста да се игра. Со два меча помалку, Црвените имаат 13 бода предност пред актуелниот шампион Манчестер сити, што е предност која тешко ќе се стопи.

Вечерва Ливерпул ќе има тежок испит против екипа што е кандидат за европски настап и игра добро. Популарните Волци имаат шест порази по ред од денешниот ривал во мечеви од Премиер лигата, но затоа во меѓувреме двапати го елиминираа Ливерпул во ФА купот.

Последен пат Вулверхемптон се радувал на триумф против 18-кратниот шампион во 2010, кога се работи за мечеви од најсилното англиско фудбалско натпреварување. На домаќините ќе им недостасува Диого Жота, чиј настап е неизвесен, но и со него во тимот Вулверхемптон е аутсајдер и ќе типуваме дека ќе загуби.

Предлог тип: 2 (1.68)

 

НАЦ Бреда – ПСВ Ајндховен (Холандски куп, 20.45 часот)

Гигантот ПСВ Ајндховен беше на прагот на елиминација во претходната рунда во Купот, кога дури по продолженија успеа да го победи третолигашот ГВВВ.

Проблем за клубот од Ајндховен сезонава се натпреварите на гостински терен и на последните 10 меча билансот им е по 3 победи и порази и четири ремија, што е слаб учинок за 24-кратниот првак на Холандија.

Ќе се обидат да стигнат до 10-тата круна во Купот на Холандија, но и ќе имаат незгоден ривал. Бреда игра солидно во Втората лига и амбициите се враќање во елитното друштво.

Проблем за домаќинот е што тешко им оди во дуелите со ПСВ, екипа што е многу незгоден ривал за нив. Имаат 7 порази по ред во меѓусебните дуели, а ние ќе типуваме дека ќе им се случи и осми неуспех против гигантот од Ајндховен во меч во кој и двете екипи ќе дадат барем по еден гол.

Предлог тип: 2&ГГ (2.35)

 

Леонеса – Атлетико Мадрид (Шпанија, Копа дел Реј, 21 часот)

Третолигашот од Леон ќе игра на картата „трета среќа“ во дуелите со Атлетико во шпанскиот куп. Прволигашот и една од најдобрите екипи во Шпанија по третпат во историјата ќе биде гостин кај Леонеса во меч од Копа дел Реј, а претходните два меча ги доби без примен гол.

Во 2002 година Леонеса загуби со 0:2 од гигантот од Мадрид, а следната година беше 0:1 за фаворитот.

Леонеса игра одлично во Сегунда дивизија Б и се наоѓа на второто место по 21 коло. Имаат амбиции да играат во плејофот за промоција во втората шпанска лига, па тоа им е приоритет, но мечот со Атлетико им доаѓа како подарок и за нив и за нивните навивачи.

Атлетико е фаворит, но во Купот има доста изненадувања, особено и поради фактот што прволигашите често играат со комбинирани состави.

Предлог тип: X-2&0-2 гола (6.70)

 

Рајо Валјекано – Бетис (Шпанија, Копа дел Реј, 21 часот)

Дуелот на старите ривали од Ла Лига сега има малку поинаков изглед бидејќи Рајо лани испадна и е второлигаш. Столе Димитриевски и соиграчите ќе се обидат да приредат изненадување и имаат малку подобра ситуација бидејќи по овој меч ќе играат со слабата Екстрамадура во Сегунда, за разлика од Бетис, кој има тежок меч во Ла Лига со Хетафе.

Ова е и дербито на денешната програма во шпанскиот куп и меч што е тежок за типување. Бетис е фаворит според коефициентите и според реномето, со две титули во Копа дел Реј, за разлика од Рајо Валјекано, екипа што никогаш не го освоила пехарот во шпанскиот куп.

Сепак, Рајо знае да биде незгоден во Мадрид на свој терен и ќе типуваме дека нема да загуби.

Предлог тип: 1Х (1.75)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести