Фудбалскиот стадион во Стокхолм претворен во спектакуларна ракометна арена

Последните ситници се средуваат во и околу „Теле 2 арената“ во шведската престолнина Стокхолм, каде што вечерва ќе се играат двете полуфинални средби од ракометното Европско првенство за мажи. Завршницата на континенталниот шампионат ќе се одвива на стадионот, кој не e целосно затворен и во него е монтиран ракометен терен, но ќе се создадат услови никому да не му биде ладно. Има голема монтажна трибина и навистина ќе биде спектакуларно.

На овој стадион, своите мечеви како домаќини ги играат фудбалските клубови Хамарби и Ѓургарден. Изграден е во 2013 година и има 35.000 седишта. Концерти држеле Мадона, Ајрон мејден, Ролинг стоунс и многу други. Ваков пример на прилагодување на стадион за потреби на друг спорт имаше во француски Лил, каде што се играше ЕП во кошарка и завршница во тенискиот Дејвис куп.

На ракометните мечеви во Стокхолм ќе може да има 22.500 гледачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести