Сензација во најава: Иниеста ќе игра за Фуријата на ОИ во Токио?

Андрес Иниеста се најде на поширокиот список кај селекторот на шпанската олимписка репрезентација Луис де ла Фуенте за претстојните Олимписки игри кои летово ќе се одржат во Токио. Легендата на Барселона е еден од четворицата искусни играчи кои конкурираат за трите места во селекцијата, останатите играчи се Серхио Рамос, Жарарт Пике и Давид Силва.

Иниеста инаку се повлече од Црвената фурија по разочарувачкиот настап на последниот Мундијал, каде што во осминафиналето Шпанија претрпе елиминација од домаќинот Русија. Де ла Фуенте, кој воедно е селектор до 21 година, посакува искусните Иниеста, Пике, Рамос и Силва да го предводат тимот до олимписки успех, но еден од нив ќе мора да отпадне од комбинација.

Инаку Иниеста за Шпанија одигра вкупно 133 натпревари, а беше дел од зланата генерација која двапати ја покори Европа во 2008 и 2012 година, како и освоеното Светско првенство во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести